Ако се случи една работа – Мурињо сигурно не се враќа во Реал

Додека актуелни се најавите за враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид истовремен во шпанските медиуми тема се и изборот за претседател кој е закажан за 7 јуни.

Противкандидат на Флорентино Перез ќе биде Енрике Рикелме кој сега јасно порача дека, ако тој стане претседател, Мурињо нема да се врати во Мадрид.

„Жозе Мурињо не емојот избор, тренерот кој јас го сакам не работел претходно во Реал Мадрид. Реал Мадрид не може да продолжи да размислува краткорочно, време е за промена на системот. Гледавме профили на најдобрите тренери во светот, луѓе со ниво, искуство и лидерство потребни да води со Реал Мадрид. Постигнав договор со тренер кој во овој момент води друг тим“, изјави Рикелме.

Ќе потсетиме, претходно медиумите го најавуваа враќањето на Мурињо во Мадрид како завршена работа.

Фото: SL Benfica