Сензација во Париз: Втората тенисерка во светот испадна од Ролан Гарос

Втората тенисерка во светот, Елена Рибакина доживеа шок во второто коло на Ролан Гарос, откако беше елиминирана со 1-2 во сетови од Јулија Стародубцева од Украина.

Украинката ја запиша најголемата победа во кариерата, а до неа стигна преку неверојатен пресврт, откако го загуби првиот сет со 3-6 од Рибакина.

Стародубцева во вторито сет ѝ дозволи на Рибакина да освои само еден гем (6-1), а потоа во тај-брејк во третиот сет ја елиминира со 7-6.