Готово: Барселона договори големо засилување, закажани лекарски прегледи!

Ентони Гордон одлучи да ја реши својата иднина пред заминувањето на Светското првенство со репрезентацијата на Англија и според информациите на Фабрицио Романо тој веќе се договорил со Барселона.

Во прв момент, Романо навел дека зделката сè уште не е завршена, но дека на Барселона ѝ се брза да ги финализира преговорите со Њукасл, бидејќи за Гордон има интерес и од Баерн и неколку клубови од Премиер лигата.

Набрзп потоа пристигнала и нова објава со неговото препознатливо „here we go“ дека трансферот е завршен.

Раководството на Њукасл ја прифатило понудата на Барселона од 70 милиони евра, плус бонуси. Со бонусите, трансферот би можел да достигне вредност и до 80 милиони евра. С

е очекува англискиот фудбалер следната недела да пристигне во Барселона, да ги мине лекарските прегледи и официјално да стави потпис на договорот.

Фото: Newcastle