Робертсон го избра новиот клуб, останува во Премиер лигата

Енди Робертсон и наредната сезона ќе биде дел од Премиер лигата, но во дресот на Тотнем.

На крајот на оваа сезона на Робертсон му истече договорот, а на крајот најбрз да го доведе се покажа лондонскиот клуб.

Имаше понуда Робертсон и од Јувентус, но на крајот се одлучи за Тотнем.

Тотнем имаше контакти со Робертсон и во јануарскиот преоден рок, а сега и Роберто Де Зерби кој пристигна на клупата во финишот од сезоната го одобрил трансферот.

Фото: Liverpool FC.