Зверев го прегази Махач за трето коло на Ролан Гарос

Aлександар Зверев без поголеми проблеми обезбеди место во третото коло на Ролан Гарос откако го совлада Томас Махач.

Зверев до победата дојде за помалку од два часа со резултат 3-0 и вкупно изгуби само шест гема. Првиот сет го доби со 6-4, а наредните два со по 6-2.

Махач во ниту еден момент не изгледаше дека може да го загрози сигурниот Германец. Противник на Зверев во следната рунда ќе биде домашниот тенисер Квентин Халис.