Новиот клуб на Раул службено стана шампион на Србија - по голем скандал во финалето (ВИДЕО)

Ракометарите на Партизан каде што веќе од позадина работи, а од јули тренер ќе биде Раул Гонзалес кој сега е и селектор на Србија ја одбранија шампионската титула, но дури по скандал и прекин на вториот натпревар од финалната серија против Војводина.

Вториот дуел беше прекинат по нешто повеќе од 14 минути игра кога резултатот беше 6-5 за Војводина, а причина беше повлекувањето на ракометарите откако навивачите на Партизан користеа пиротехнички средства. 

Топовски удар експлодираше во близина на теренот и така беа доведени во опасност актерите на терените. Тогаш двете екипи се повлекоа од теренот, а полцијата ја презема работата во свои раце.

Партизан по 20-тина минтуи се врати на теренот, меѓутоа тоа не го направија и ракометарите на Војводина, па натпреварот не можеше да продолжи. Целиот хаос долго траеше, а Партизан за победник беше прогласен околу еден час и 20 минути по првиот прекин.

За очекување е по ваквиот развој на настаните да следуваат жестоки реакции од таборот на Војводина, првиот натпревар ќе потсетиме, Партизан го доби со 33-27.