Матета го урна Рајо, Гласнер се прости од Палас со историски трофеј! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Кристал палас стигнаа до трофејот во Конференциската лига откако вечерва во финалето славеа минимално со 1-0.

Премиерлигашот во текот на целиот натпревар беше подобар противник, создаде повеќе шанси и на крајот сосема заслужено се израдува на својот прв европски трофеј.

Првото полувреме не донесе погодоци. Одлучувачкиот момент се случи на стартот од првиот дел кога Матета ја смести топката во мрежата и го постигна единствениот гол на средбата.

Многу брзо во наредните неколку минути, Кристал палас создаде две-три одлични прилики и за втор гол, погодени беа и двете статива во една ситуација, сепак мрежата по вторпат не се тресеше.

Во продолжение избраниците на Оливер Гласнер се повлекоа на својата половна и сигурно ја чуваа предноста, без да дозволат противникот да создаде посериозни прилики.

Ќе потсетиме, Гласнер на овој начин и се простува со Кристал палас бидејќи веќе е потврдено дека го напушта клубот во потрага веројатно по поголем предизвик. Интересно и што за Палас ова е дури трет трофеј во последната година откако претходно триумфираа во ФА Купот и Комјунити Шилд на домашната сцена.

Фото: Crystal Palace Football Club