Палас 120 години немаше освоено трофеј, Гласнер за 12 месеци им донесе - три!
Кристал Палас е формиран на 10 септември 1905 година, оттогаш па до минатата сезона немаа освоено ниту еден трофеј.
Тогаш го освоија ФА Купот, го кренаа првиот трофеј во нивната историја. Со гол на Еберечи Езе го победија Манчестер Сити со 1-0.
На почетокот од оваа сезона следуваше нов трофеј, во Комјунити Шилд дуелот на пенали го победија Ливерпул, резултатот во регуларниот тек беше 2-2.
Најголемиот трофеј се случи вчера кога ја освоија Конференциската лига откако во финалето со 1-0 го совладаа Рајо Ваљекано.
Оливер Гласнер и неговите фудбалери им ги донесоа најсреќните моменти на нивните фанови во изминатите 12 години.