Перез почна со нападите: Рикелме е дел од најцрниот период на Реал

Флорентино Перез жестоко ја почна својата кампања за претседателските избори во Реал Мадрид и откако ја нападна Барселона, истото го направи и за својот противкандидат Енрике Рикелме.

Во своето агресивно обраќање, тој го посочи ривалот како дел од најцрниот период на Реал што е многу смешно затоа што Рикелме има само 37 години, а периодот за кој зборуваше Перез е од пред 2009. Алузијата на Перез е кон таткото на Рикелме кој беше дел од екипата на претходниот претседател Рамон Калдерон кое си замина пред 17 години.

„Знаеме дека оваа кампања ја водат истите луѓе кои беа на чело на клубот во најцрниот период од историјата на Реал. Истите што беа во бордот на директори, истите што го украдоа суверенитетот на клубот, истите што носеа на гласање лица што не се членови на Реал. Сега во трката се нивните синови, зетови, директори... Тие не се тука за да му служат на Реал, туку да го експлоатираат“, рече Флорентино.

Рикелме засега води поумерена кампања и не е насочен кон својот противкандидат, туку кон своите планови и идеи.