Каква ноќ во Минхен: Трето водство на Реал Мадрид - гол на Мбапе! (ВИДЕО)
Реал Мадрид поведе уште во првата минута со гол на Ѓулер по голем кикс на Нојер, но веднаш се реваншираше Лунин кој подари гол на Павловиќ.
Ѓулер од слободен удар го врати водството на Реал, но брзо Кејн даде гол за 2-2.
На три минути пред истекот на првиот дел по асистенција од Винисиус, Мбапе постигна гол за предност на Реал од 3-2.