Арсенал ја сочува предноста од Лисабон за пласман во полуфинале од ЛШ! (ВИДЕО)
Англискиот тим славеше во Лисабон со 1-0, па денеска на Емирати со предност почна.
На денешниот натпревар немаше големи возбудувања. Двата тима имаа по една сериозна шанса, но не создадоа премногу.
Арсенал ја контролираше играта и на крајот успеа да ја оствари целта, пласман во полуфиналето.
А за пласман во големото финале Арсенал ќе се бори против Атлетико Мадрид кој ја елиминираше Барселона.