Сутјеска без шанси во Скопје, ТФТ издоминира за финале! (ФОТО)
Гостинските кошаркари рамноправен противник беа само во почетните минути, а во продолжение на теренот играше само еден тим. Избраниците на Боро Смилковски го одиграа еден од најдобрите натпревари во сезоната и буквално го прегазија противникот.
Разликата беше двоцифрена уште по крајот на првиот поериод кога на семафорот стоеше 29-14.

Во вториот период ТФТ сигурно ја одржуваше високата предноста и на одмор замина со предност од 16 поени разлика (50-34).
Таква беше сликата и во третатата четвртина, за во последниот период македонскиот претставник да дојде и до највисоки во натпреварот 23 поени разлика (82-59). Тука, како да дојде до опуштање во редовите на ТФТ, па дозволи противникот да се врати на 13 негатива. Сепак, кога беше најпотребно повторно погодуваа и не дозволија драма во финишот.
Најефикасен во редовите на ТФТ беше Стенли Дејвис Џуниор со 23 поени, го следеше Виктор Ташовски со 19, додека на спротивната страна Кристофер Мартин уфрли 22.

Во финалето за место во АБА лигата ТФТ ќе ги одмери силите со босанскиот Широки Бријег, а и во случај да биде поразен шансите за ТФТ нема да бидат загубени затоа што во таква ситуација би играле и бараж со претпоследната екипа од АБА лигата оваа сезона.




