Сабаленка со два различни сета, мина уште една пречка на Ролан Гарос!
Белоруската тенисерка имаше фуриозен старт на мечот и првиот сет го доби со максимални 6-0.
Но, во вториот беше поинаку, Касаткина пружи поголем отпор иако не можеше да израмни. Сабаленка го доби тој сет со 7-5 и дојде до победа од 2-0.
Сабаленка во осминафиналето ќе игра против Наоми Осака која претходно со 2-1 ја победи Јовиќ.