Шоу на Ѓулер на Алијанц, мајсторија од слободен удар - Реал пак води! (ВИДЕО)

Арда Ѓулер го постигна и вториот гол за Реал Мадрид на денешниот меч, овојпат тоа беше ремек-дело од слободен удар.

Турскиот фудбалер шутираше од одлична позиција и беспрекорно го направи тоа. Нојер по вторпат ја вадеше топката од мрежата. Реал Мадрид води со 2-1, тоа е резултатот со кој Баерн победи на Бернабеу.