Камавинга пак во четвртфинале добива црвен - прстот сега е вперен кон Славко Винчиќ! (ВИДЕО)
Сите кои го сакаат Реал Мадрид, но и многумина од неутралната публика сметаат дека Винчиќ престрого го исклучи Камавинга. Вториот жолт картон му беше даден за задржување на време.
Од таборот на Реал со „дрвја и камења“ фрлаат по словенечкиот судија.
Но, интересно е да се напомене дека Камавинга и во ланското четвртфинале доби црвен картон, тогаш против Арсенал.