Реал сонува за пресврт во Минхен, Арсенал има сè во свои раце против Спортинг
Баерн успеа да слави на „Сантијаго Бернабеу“ со 2-1 и има еден гол предност пред реваншот. Бундеслигашот имаше сè во свои раце во првиот меч, а Луис Дијаз и Хари Кејн ги постигнаа головите.
Иако баварскиот тим целосно ги надигра „кралевите“, сепак важен погодок во завршницата постигна Килијан Мбапе со што ги остави своите соиграчи во трка за полуфинале.
Во корист на екипата на Венсан Компани му оди тоа што игра на домашен терен и се наоѓа во одлична форма, а интересно е тоа што пред вечерашниот меч Баерн славеше со 5-0 против Сент Паули, додека Реал ремизира со Жирона (1-1).
„Имаме голема почит кон Реал. Знаеме за каков клуб станува збор и за нивниот квалитет. Но, во исто време знаеме кои сме ние. Кога играте против најдобрите во ова натпреварување, тоа е предизвик повеќе за да дадете сè од себе“, кажа Компани.
Арбелоа, сепак, верува во пресврт во Минхен и пласман во полуфинале во елитното натпреварување.
„Имам фудбалери со силен карактер. Нашата цел е јасна, а тоа е победа во Минхен. Ќе покажеме што знаеме. Ние сме Реал Мадрид и не се плашиме од никого“, кажа Арбелоа.
Арсенал е на чекор до полуфинале во ЛШ, откако славеше во првиот меч со 1-0, а дополнително во прилог му оди тоа што португалскиот тим никогаш не остварил победа против екипата од Лондон во европските натпреварување.
Овие тимови досега одиграле шест меѓусебни средби, а три пати победил Арсенал, додека три завршиле нерешено.
David Raya in 2025/26 🤩#UCL pic.twitter.com/0JsMLI6GE0
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 15, 2026
„Се обидувам да направиме нешто што никогаш во историјата на клубот не е остварено во ова натпреварување. Не се плашиме, сакам да ги видам моите фудбалери во најдобро светло“, кажа Артета.
Руи Борхес ги сподели и своите очекувања од натпреварот во Лондон.
„Тимот мора да верува во себе, без оглед на противникот и натпреварувањето. Не морам да зборувам за тоа колку сме гладни за победа, зашто на теренот ќе покажеме што знаеме“, вели Борхес.
Два натпревари се играат вечерва од 21 часот, по што ќе биде познати полуфиналните дуели во ЛШ.
Pick the winner of each tie to build your Champions League bracket 😎
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 15, 2026
Play now 👇#UCLbracket | @cryptocom
Фото: Real Madrid FC/Facebook