Aнри воодушевен од еден фудбалер на Атлетико: Играше како во транс (ВИДЕО)
Изданието на мадридскиот тим го воодушеви легендарниот француски напаѓач Тиери Анри кој денес работи како стручен коментатор за американскиот „ЦБС“. Французинот посебно го издвои Маркус Љоренте.
„Морам да издвојам еден играч, Маркос Љоренте. Играше како во транс. Антоан Гризман исто така беше одличен, но Љоренте беше феноменален. Секоја чест за Атлетико. Да ја елиминирате Барселона од две натпреварувања во една сезона, тоа заслужува аплауз“, изјави Анри.
Триесет и едногодишниот Љоренте е незаменлив дел од тимот на Диего Симеоне. Оваа сезона има 42 настапи, постигна четири голови и запиша шест асистенции. Потекнува од академијата на Реал Мадрид, за чиј прв тим одигра 39 натпревари и постигна два гола.
Сезоната 2016/17 ја мина на позајмица во Алавес, а Атлетико го доведе во 2019 година за 30 милиони евра. Во дресот на „јорганџиите“ има вкупно 293 настапи, со 36 голови и 44 асистенции. Со Реал освои шест трофеи, додека со Атлетико ја подигна титулата во Ла Лига. Неговиот договор важи до летото 2027 година, а според „Трансфермаркт“ вреди околу 22 милиони евра.
@cbssportsgolazo Thierry applauds Marcos Llorente for his standout performance vs. Barcelona ✨ #UCLToday #UCL #championsleague #atleticodemadrid #antoinegriezmann ♬ snowfall (Slowed + Reverb) - Øneheart & reidenshi