Лапорта: Ќе поднесеме жалба, тоа што се случи во Мадрид е неприфатливо!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не може да се помири со елиминацијата од Лигата на шампиони (ЛШ), па кажа дека ќе се жали на судиските одлуки во Мадрид.

Барселона славеше со 2-1 во реваншот против Атлетико, но поради поразот од 0-2 во првиот натпревар мораше да се збогува со натпреварувањето.

„Ќе поднесеме нова жалба, зашто тоа што се случи во Мадрид е неприфатливо. Има одлуки кои ја оштетија Барселона и тоа е нешто што не може да се толерира. Ова е срамота“, кажа Лапорта.