Братот на Енди Мареј објави крај на големата кариера

Легендарниот британски тенисер во двојки Џејми Мареј, кој стана првиот Британец што се искачил на светското број еден место во парови, објави дека ја завршува својата професионална кариера.

Седумкратниот грен-слем шампион последен пат настапи на Ју-Ес Опен минатиот август,

„Моето тениско патување завршува по 36 години“, напиша 40-годишниот Мареј на Инстаграм.

„Се чувствувам навистина среќен и привилегиран за сите неверојатни искуства што ми ги овозможи овој прекрасен спорт“, додаде тој.

Братот на Енди Мареј, една од најголемите ѕвезди на британскиот тенис во сингл, им се заблагодари на семејството и пријателите за поддршката низ годините.

„Им благодарам на мајка ми, татко ми, Енди, Але, Алан, Луис и Томас за неверојатната поддршка, трудот и жртвата во текот на мојата кариера, што ми овозможија да го постигнам максимумот во тенисот. Исто така и на сите останати кои ми помогнаа и ме поддржува, ви благодарам“, порача Џејми.

Џејми Мареј беше најдобар во светот во двојки откако во 2016 година се искачи на врвот на АТП листата. Со репрезентацијата на Велика Британија го освои и Дејвис купот во 2015 година, а во кариерата освои вкупно 34 АТП титули.

Фото: EPA