Синер може да здивне, Алкараз се откажа од настапот во Барселона
На стартот, Алкараз лесно го совлада Финецот Виртанен, а во осминафиналето требаше да се соочи со Чехот, Томаш Махач.
Сепак, до тој дуел нема да дојде, бидејќи Алкараз се повлече од турнирот. Првиот фаворит за трофејот во Каталонија мораше да се откаже поради повреда на зглобот на раката.
Следен турнир, ако не станува збор за некоја посериозна повреда на кој ќе настапи Алкараз, треба да биде турнирот во Мадрид кој се игра од 22 април до 3 мај.