Премиер лигата не простува, Мегваер дополнително казнет

Мајкл Керик и Манчестер јунајтед се соочуваат со сериозни проблеми пред дербито против Челси в сабота бидејќи гигантот од „Олд Трафорд“ нема да смета и на услугите на Хари Мегваер.

Мегваер беше суспендиран за натпреварот со Лидс од последното коло кој Јунајтед го загуби со 2-1, меѓутоа сега неговата суспензија е продолжена.

Имено, англискиот дефанзивец беше исклучен против Бормут во дуелот одигран на 20 март, а во таа ситуација Мегваер беше бесен и дополнително е казнет поради однесувањето кон четвртиот судија при напуштањето од теренот.

По натпреварот, Мегваер ја признал грешката, додека раководството на Премиер лигата го казнило со уште еден натпревар суспензија, меѓутоа и парична казна од 30.000 фунти.

Неговата казна доаѓа во незгоден момент за Керик бидејќи против Челси нема да смета и на Лисандро Лопез кој исто така против Лидс беше исклучен.