Лејкерс можат и без Дончиќ и Ривс, Јокиќ со трипл-дабл го отвори плеј-офот (ВИДЕО)

Лук Кенард одигра фантастичен натпревар и постави рекорд на кариерата со 27 поени, додека Леброн Џејмс додаде 19 поени и 13 асистенции, носејќи ги Лејкерс до победа од 107-98 против Рокетс во првиот натпревар од серијата во првото коло од НБА плејофот.

Иако ослабени, Лејкерси знаеја како да го искористат отсуството на повредениот Кевин Дурант и стигнаа до значаен триумф, иако настапија без двајцата најдобри стрелци. Деандре Ејтон запиша 19 поени и 11 скока за четвртопласираниот тим од Лос Анџелес.

Двете екипи ја отворија серијата без своите клучни ѕвезди. Лука Дончиќ и Остин Ривс се надвор од терените од 2 април поради повреди, додека Дурант беше повлечен во последен момент поради контузија на десното колено.

Лејкерси беа одлични со неверојатни 60,6% реализација од игра, додека со агресивна одбрана ги ограничија Рокетс на само 37,6%. 

Во натпреварот кој се играше претходно, Денвер ја совлада Минесота со 116-105, иако гостите подобро го отворија мечот. Никола Јокиќ запиша трипл-дабл од 25 поени, 13 скока и 11 асистенции, додека Арон Гордон придонесе со 17 поени. Кај Минесота, Ентони Едвардс постигна 20 поени,