
Поради трагедијата во која загина и Македонец, уапсен чичкото на Јокиќ!
Чичкото на Јокиќ е историчар и добро познато име во новосадската јавност, но и истакнат функционер на СНС и поранешен директор на Заводот за заштита на споменици во Нови Сад. Оставка од тоа место поднесе во октомври 2024 година, само четири дена пред падот на настрешницата на железничката станица, функцијата ја извршуваше од 2016 година.
По неговото апсење со изјава за „Блиц“ се огласи неговиот адвокат Радомир Мунижаба.
„Господинот Синиша Јокиќ е обвинет за злоупотреба на службена должност. Тој е задржан во притвор од 48 часа, по што ќе биде изнеен пред судот за организиран криминал во Белград“, изјави Мунижаба.
Покрај чичкото на Јокиќ во акцијата биле уапсени и уште неколку лица.
Фото: EPA