
Ѓоковиќ влезе во фудбалот: Стана ко-сопственик на славниот француски клуб
Ле Ман низ својата историја долго време се натпреваруваше во најсилната конкуренција, но денес е член на втората лига.
Ѓоковиќ во овој проект не влегува сам и има поддршка од легендарниот Формула 1 возач, Фелипе Маса, Кевин Магнусен и дечкото на тенисерката Арина Сабаленка, Горгос Франгулис.
Нивната заедничка визија е да го поврзат мотоспортот и фудбалот бидејќи во Ле Ман владее голема мотоспорт традиција поради познатата трка „24 часа Ле Ман“.
Франгулис веќе има искуство со водење фудбалски клубови бидејќи во Бразил е член на раководството на Коритиба. Една од нивните први цели ќе биде да го вратат Ле Манс во Лига 1.
Фото: EPA