„Имаме почит кон противникот, но ќе бидеме фокусирани на нашата задача“

Кошаркарската репрезентација на Македонија утре ќе се соочи против Романија во Куманово во рамки на претквалификациите за Светското првенство (СП) во 2027 година.

Селекторот Марјан Илиевски пред утрешниот дуел зборуваше за Романија, која има екипа составена од искусни кошаркари.

„Ќе настапат без странец, но Романија е екипа која е составена од искусни кошаркари, кои имаат голема минутажа во нивните тимови. Треба да посветиме внимание на високите позиции, каде што нивниот систем е игра под кошевите. Ќе треба да го сопреме Кате, од каде што доаѓа најголемата опасност. Ние ќе бидеме свртени кон себе, кон тоа што треба да го одиграме и кон тоа во кое што треба да напредуваме. Имаме почит кон противникот, но ќе се фокусираме на нашата задача“, кажа македонскиот селектор.

Мечот меѓу Македонија и Романија се игра утре од 20 часот.