Шок во Германија: Почина шестгодишниот син на голманот на Баерн Минхен

Голманот на Баерн Минхен, Свен Улрајх потврди трагична вест дека неговиот шестгодишен син починал по долга и тешка болест.

Улрајх во објавата откри дека неговиот син Лен починал во јуни, но тешко му било во јавност да ја потврди веста.

„Со голема тага сакаме да ве известиме дека нашиот син Лен почина пред неколку недели по долга и тешка болест. Одлуката ова да се објави сега е неверојатно тешка за нас, меѓутоа е важен чекор за нас како семејство. Заедно со нашата ќерка, сега се обидуваме да го пронајдеме патот во животот чекор по чекор. Ве молиме да се воздржите од дополнителни прашања и да ја почитувате нашата приватност“, објави голманот.