Ѓуроски: Мечот со Романија ќе биде голем празник на кошарката!

Потпретседателот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), Младен Ѓуроски пред натпреварот против Романија посочи дека ова е ново поглавје во македонската кошарка и замоли за трпеливост затоа што резултатите нема да изостанат во иднина.

Ѓуроски кажа дека управата на КФМ дава максимална поддршка на селекторот Марјан Илиевски и кошаркарите, а воедно се трудат и да им ги обезбедат најдобрите услови за работа.

„Би сакал да истакнам дека ова е ново поглавје во македонската кошарка. Замолувам за трпеливост затоа што резултатите нема да изостанат во иднина. Селекторот и момците ја имаат нашата поддршка, се надевам дека им обезбедивме добри услови за подготовка. Што се однесува до натпреварот, се надевам дека ќе биде празник на кошарката и полна сала. Резултатскиот императив во моментов не го гледаме како предизвик, тука сме сите за да го дадеме својот максимум“, вели Ѓуроски.