Сабаленка ѝ се одмазди на Рибакина и го освои Индијан Велс!
Ова беше и одмазда на Сабаленка за поразот во финалето на Австралијан опен од Рибакина која ја победи Белорусинката и во мечот за пехар на Индијан Велс во 2023 година.
Сабаленка почна лошо и на овој дуел, првиот сет ѝ припадна на Рибакина со 6-3, тенисерката од Казахстан поведе со 1-0 во сетови покажувајќи дека е ноќна мора за Белорусинката.
Но, работите се променија во продолжението, Сабаленка возврати со иста мера, го доби вториот сет со идентични 6-3 и изедначи на 1-1.
Супер интересно беше во третиот, решавачки сет. Сабаленка имаше предност од 5-3, дојде на гем до победа, но тогаш следуваше серија на Рибакина од три гема по ред и нејзино водство од 6-5. Белорусинката перфектно сервираше во следниот гем, израмни на 6-6 и го однесе финалето во тајбрејк.
Во тајбрејкот Рибакина пропушти меч топка и тоа на свој сервис. Имаше водство од 6-5 и два сервиса, ги загуби и двата, Сабаленка не ја пропушти и оваа шанса, го доби својот сервис, го зема тајбрејкот со 8-6 и почна големото славје за победата и новиот Мастерс трофеј, овојпат од Индијан Велс.