Еванс „распали“ по шпански тенисер: Не биди патетичен, цел свет работи од 9 до 5 часот!

Англискиот тенисер Ден Еванс жестоко го нападна Алехандро Давидович Фокина од Шпанија, затоа што се жалеше на распоредот на мастерсот во Торонто.

Фокина се пожали дека неговиот натпревар бил закажан од 11 часот, а не од 12.30, а тоа го изнервира Еванс.

„Разбуди се и играј. Цел свет се буди и работи од 9 до 5, а некои и од 8 до 6 часот“, објави Еванс.

Фото: EPA PHOTO