Саул за еден од најскапите фудбалери: Залуден е талентот, ако не работите напорно!

Португалскиот фудбалер Жоао Феликс е еден од најскапите фудбалери, а пред неколку дена го засили Ал-Наср, додека за неговиот пат во кариерата зборуваше Саул Нигез.

На Феликс му предвидуваа голема кариера, но никогаш не го исполни целосно својот талент, а Саул откри зошто се случило такво нешто.

„Фудбалот е тимски спорт. Тој ги имаше сите потребни квалитети, но не е важно колку сте добар и талентиран, затоа што ако не работите напорно, тогаш сè е залудно“, кажа Саул.

Феликс во 2019 година за 126 милиони евра се пресели од Бенфика во Атлетико, по што играше на позајмици во Челси и Барселона.