Голеада во Јужна Кореја: Барселона го декласира Сеул, Јамал постигна магичен гол (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона триумфираа против Сеул со убедливи 7-3 во пријателски натпревар во Јужна Кореја, а талентираниот шпански репрезентативец Ламин Јамал постигна магичен гол.

Каталонскиот гигант по само 14 минути успеа да поведе со 2-0 со головите на Левандовски и Јамал, а Сеул во продолжение ја врати неизвесноста и израмни на 2-2 со погодоците на Чо Јанг-Вук и Ал Араб. Јамал, сепак, на истекот на првото полувреме со магичен гол ја врати предноста кај Барселона (3-2).

Барселона продолжи да доминира во вториот дел, па стрелаше преку Торес и Гави за водство од 6-2, додека Јунг Ханг-Мин потоа намали на 3-6, а победата за каталонскиот тим ја запечати Торес во 88. минута.

Фото: Facebook/FC Barcelona