Тежок пораз за македонските кадетки од Словачка на ЕП

Македонската женска кадетска репрезентација денеска беше поразена и од Словачка со убедливи 21-34 во второто коло на Европското првенство (ЕП).

Македонија прикажа подобра игра во првото полувреме, каде што младите ракометарки имаа обиди да останат во игра, иако на паузата разликата достигна шест голови (14-8).

Словачка во вториот дел заигра многу подобро и ја контролираше играта на паркетот. Македонија постигна повеќе голови, но и ривалот запиша повеќе погодоци за на крајот да триумфира со 34-21.

Нашите кадетки вчера, во првото коло, беа поразени од Германија со 18-31.

Фото: РФМ