
Вардар има тешка мисија во Лозана - брани предност од еден гол и брка трето коло во КЛ!
Вардар со истиот состав од Скопје замина за Швајцарија, каде што ќе се обиде да го зачува водството од првиот натпревар со што би направил исчекор понатаму и би се пласирал во следната рунда, но Лозана нема да биде лесен ривал.
Проблемите за Лозана се исти како од првиот натпревар, односно швајцарскиот тим не може да смета на новото засилување, Енцо Кана-Бијик, напаѓач кој дојде на позајмица од Манчестер јунајтед.
Тренерот на „црвено-црните“, Гоце Седлоски кажа дека ништо не е решено против Лозана, па затоа во реваншот ќе влезат максимално подготвени.
„Одигравме само едно прво полувреме од овој двомеч. Далеку дека било што е готово. Ние одиме утре да покажеме што можеме и колку можеме. Вардар ќе тргне максимално ангажирано, одговорно и прагматично. Ќе се обидеме максимално да сме фокусирани и да ги искористиме шансите“, кажа Седлоски.
Натпреварот меѓу Лозана и Вардар се игра од 20.15 часот.