
Шкендија ако го елиминира Карабах би можела да игра против Селтик или Ц. Звезда!
Нејзин следен противник е тимот на Карабах (Азербејџан), но тетовскиот клуб уште пред да почне овој двомеч ќе го дознае можниот противник во плеј-офот за влез во групната фаза на најелитното европско натпреварување.
Ждрепката за плеј-оф фазата е закажана за понеделник напладне, а Шкендија, доколку го совлада Карабах, ќе влезе во како неносител. Тоа значи дека во борбата за место меѓу европската фудбалска елита може да се соочи со некои од најсилните клубови во квалификациите, меѓу кои најатрактивно дефинитивно се Селтик односно Црвена Звезда.
Потенцијални противници во плеј-офот на ЛШ:
Носители:
Бодо Глимт
Копенхаген или Малме
Црвена Звезда или Лех Познањ
Ференцварош или Лудогорец
Селтик
Неносители:
Карабах или Шкендија
Базел
Слован или Каират
Динамо Киев или Пафос
Штурм Грац