
Историја за Шкендија: Тетовци обезбедија европска есен, најмалку во Конференциска Лига!
Романскиот тим имаше добар почеток затоа што нивниот притисок вроди со плод во 28. минута кога Цисоти погоди за 1-0, но набрзо Латифи ја замолкна арената во Романија со погодокот за 1-1.
Шкендија успешно му парираше на домашниот тим, кој сè повеќе го „газеше“ времето бидејќи никако не успеваше да стигне до голот на тетовци, а на крајот судбината на ФЦСБ ја запечати Крстевски во 87. минута.
Тетовскиот тим со оваа победа си обезбеди најмалку групна фаза во Конференциската лига, доколку ги загуби сите следни дуели во останатите натпреварувања, односно ЛШ и Лига Европа, а историската победа на Шкендија ќе им ја наполни и касата, односно македонскиот првак ќе заработи минимум пет милиони евра.
Шкендија со ова ќе стане втората македонска екипа која играла во групна фаза на некое од натпреварувањата на УЕФА, откако претходно тоа му успеа и на Вардар, кој во 2017 играше во групната фаза на Лигата на Европа.
Фото: GPS.ro