
Официјално: Луис Дијаз стана трет најскап фудбалер во историјата на Баерн
Со тоа е ставен крај на една од летните трансфер сапуници, заедно со онаа на Виктор Ѓокереш, имајќи предвид дека Дијаз летово беше поврзуван и со Барселона. Баерн за него (ќе) плати 75 милиони евра, заедно со бонуси што го прави Колумбиецот трет најскап фудбалер во историјата на клубот, по Хари Кејн и Лукас Ернандес.
Платата на Дијаз ќе изнесува 14 милиони евра годишно што е четири повеќе од сумата што ја заработуваше во Ливерпул. Интересно е тоа што и покрај големото значење за тимот, крилниот играч беше еден од најслабо платените што веројатно беше главна причина да си замине од Енфилд.
За 3,5 години во Ливерпул, каде пристигна од Порто, тој постигна 41 гол и оствари 23 асистенции, а освои вкупно пет трофеи: два во Лига купот и по еден во Суперкупот, Премиер лигата и ФА Купот.