
Политика во спортот: Бертанс одбива да игра во Белград зашто не сака - Руси!
Лигата одлучи да се учествуваат само четири екипи и тоа две руски (ЦСКА и Зенит), домаќинот Црвена Звезда и дебитантот во Евролигата, Дубаи. За тимот од Обединетите Арапски Емирати тоа ќе биде генерална проба пред настапот во елитното европско натпреварување и можност да има два силни теста во пресрет на стартот на сезоната. Сепак, не се сите во Дубаи среќни од оваа одлука. Летонскиот репрезентативец Давис Бертанс објави дека нема да учествува на Суперкупот поради политички причини - не сака да игра против клубови од Русија.
„Разговарав со тренерот и генералниот менаџер на Дубаи, го изразив своето мислење и тие потполно ме поддржаа. Нема да играм на турнири на кои учествуваат клубови од агресорска држава. Со оглед на тоа кој го организира турнирот и под кое име, не можам да играм, дури и ако се сретнеме со Црвена Звезда. Клубот ме поддржа иако тренерот на почетокот не ја гледаше ситуацијата од иста перспектива“, рече Бертанс од подготовките за Европското првенство со летонската репрезентација.
Тој додаде дека не би играл за Дубаи дури и ако неговиот клуб закаже подготвителен, пријателски меч против руски клуб.