Вардар и Струга слободни, „егзотични“ ривали за Шкендија, Работнички и Силекс!

По ждрепката за првото коло од првенството, во просториите на ФФМ беше извршена ждрепката за првата рунда од Купот на Македонија во која се најдоа 27 клубови, без Беса која вчера официјално се откажа и без финалистите Вардар и Струга, кои обезбедија директен пласман во осминафиналето.

Прволигашка пресметка во оваа фаза ќе нема, а поголем дел од членовите на елитата добија „егзотични“ ривали односно противници за кои пошироката јавност и нема премногу слушнато. На пример, Шкендија ќе му гостува на составот на Јени Маале, Работнички ќе игра кај Карбинци, а Силекс кај тимот на Евротип.

Екипата на Пчиња ќе биде слободна поради откажувањето во последен момент на Беса. Се игра еден натпревар, а победниците ќе се најдат меѓу 16-те екипи во ова натпреварување во кое трофејот го брани скопски Вардар.

ДВОЈКИ – 1/16 ФИНАЛЕ

Башкими ГЈ - Детонит Плачковица

Шкендија Арачиново - Каменица Саса

Беласица - Арсими

Јени Маале - Шкендија

Карбинци - Работнички

Евротип - Силекс

Победа Валандово - Брегалница

Тетекс - Пелистер

ГФК Охрид - Брера

Љуботен - Македонија ЃП

Скопје - Тиквеш

Кожуф - Шкупи

Победа - Башкими 1947

Пчиња - слободна поради откажувањето на Беса