Бекали не издржа: Елиминацијата од Шкендија – најголем срам во историјата на романскиот фудбал

Иако по вчерашниот натпревар вети дека повеќе нема да зборува за фудбал, контроверзниот сопственик на ФЦСБ, Џиџи Бекали не издржа и неколку часа подоцна даде изјава и видување на двомечот со Шкендија.

Во свој стил, не ги штедеше своите фудбалери, но уште еднаш го потцени, дури и го навреди македонскиот претставник кој, очигледно, уште долго ќе му биде траума/

„Срам, невиден срам!. Леле, да бидеш два поразен во европските купови од екипа од Ц-дивизија... Може еднаш да се случи, инцидентно, но два пати? Ова е најголем срам во историјата на романскиот фудбал. Овој тим на Шкендија е толку слаб што никогаш не сме загубиле од таков, дури и Караганди (од Казахстан н.з.) е пресилен за него“, рече Бекали.

Новинарите ги интересираше дали тренерот Хараламбус е во опасност, но бизнисменот категорично ја отфрли можноста да му даде отказ бидејќи, како што рече, тој не е виновен што фудбалерите на трчаат.