
Беќири му одговори на Бекали: Фудбалот се игра на терен!
Беќири потенцираше дека не е мала работа да се победи еден тим како ФЦСБ на гости пред речиси полни трибини, но не заборави и да одговори на провокациите од претстедателот на романскиот состав, Џиџи Бекали.
Бекали пред двомечот беше премногу самоуверен и зборуваше дека неговата екипа ќе слави убедливо, меѓутоа во реалноста не беа ниту блиску до такво нешто и Шкендија заслужено се пласираше во следната фаза.
„Ова е една голема победа за нас. Да се победи екипа со ваков квалитет, пред ваква публика и во ваква атмосфера, не е мала работа. Честитки до сите фудбалери на клубот, на навивачите, на секој кој е дел од Шкендија. Импресиите се силни. И покрај сите провокации, имам голем респект за ФЦСБ. Станува збор за клуб со традиција, имаат сопственик кој вложува сериозно во фудбалот и тренер кој знае што прави. Но, јас сум научен дека фудбалот се игра на терен, а не надвор од него““, изјави Беќири.
Противник на Шкендија во следната фаза ќе биде Карабах кој гостува во Скопје на 5 август, додека реваншот во Азербејџан е закажан за 12 август.