Лош ден и за Македонците низ Европа: Ристовски и Елези најлошо поминаа!

Покрај Вардар кој беше декласиран во Лозана со 5-0, денеска лош ден имаа и македонските интернационалци со своите екипи низ Европа.

Најлошо поминаа Агон Елези и Стефан Ристовски кои на гости со Сарајево  во рамките од квалификациите за Конференциската лига беа декласирани од романската Крајова со 4-0. Допатува Сарајево во Романија со предност од 2-1, но денеска беше далеку од потребното ниво па претрпе тежок пораз. Ристовски ги одигра комплетните 90 минути, додека Елези во игра влезе во вториот дел во 55. минута.

Настапот во Конференциската лига со изненадувачки пораз го заврши и Раднички на Лука Станковски кој беше поразен со 1-0 од Класвик од Фарски Острови. Станковски влезе во 69-тата минута и ги одигра последните 20-тина минути.

Од квалификациите за Лига Европа во битката за лигашка фаза во Конференциската лига се сели Лугано на Алиоски кој доживеа елиминација од Клуж по продолженија со 1-0 откако во регуларниот дел беше 0-0, исто како и во првиот натпревар во Швајцарија. Алоски на теренот беше до 112. минута, а средбата ја заврши и со жолт картон кој го заработи уште во првото полувреме.

Единствен кој денеска се израдува беше Кристијан Трапановски кој со својот Данди Јунајтед уште еднаш славеше со 1-0 против тимот на УНА Страсен од Луксембург. Трапановски ги одигра комплетните 90 минути и заработи жолт картон во петтата минута.