Пролет против Струга дојде до втора победа во плеј-аутот
Домашниот тим доминираше од првата до последната минута и на крајот заслужено се радуваше со резултат од 31-25. Струга не успеваше да го следи темпото и констатно беше во негатива.
Пролет во еден момент од второто полувреме дојде до предност и од десет гола за на крајот да слави со седум разлика.
Палевски со девет гола беше најефикасен, додека на спротивната страна кај поразените Наум Костов постигна седум.