Семењо во Сити веднаш блесна, влезе во друштво на двајца сонародници
Крилниот напаѓач, кој оваа зима пристигна во Манчестер сити од Борнмут, веднаш почна да прикажува одлични настапи. Во трката за признанието за февруари тој ги надмина Виктор Ѓокереш од Арсенал, Данго Уатара од Брентфорд, Бенјамин Шешко од Манчестер јунајтед, Вирџил ван Дајк од Ливерпул, како и својот соиграч од Сити, Ник О’Рајли.
Семењо на тој начин стана трет фудбалер од Гана во историјата кој го добил ова признание, по легендарните Тони Џебо и Андре Ају.
Во текот на февруари постигна три гола и запиша една асистенција, што беше доволно да ја понесе наградата за најдобар играч на месецот во англиската елита.
February belonged to Antoine Semenyo 🔥
— EA SPORTS FC (@EASPORTSFC) March 13, 2026
Introducing your @premierleague Player of the Month.#FC26 #FUT pic.twitter.com/YvsXXPJyAt