Битола ќе гори: Дербито меѓу Пелистер и Вардар е распродадено!

Пелистер и Вардар во недела од 19 чaсот ќе играат еден од најзначајните дуели во сезонаната, меч кој може да се покаже и како пресуден за ракометниот шампион оваа сезона.

Билети за овој натпревар веќе нема, Пелистер објави дека мечот е распродаден. 

Пелистер игра за да остане во трка за титулата, а Вардар ако победи ќе стави една рака на трофејот.

По 23 одиграни кола Вардар е прв со 44 бодови, Пелистер има 40 на второто место.