Селектор доби отказ, испраќал непристојни пораки на фудбалерките!

Селекторот на женската Фудбалска репрезентација на Луксембург, Даниел Сантос добил отказ откако им испраќал непристојни пораки на фудбалерките.

Информацијата за отказот на Сантос ја потврдија од сојузот на оваа земја.

„Добивме неколку пријави за непристојни пораки кои тренерот ги испраќал до одредени фудбалерки. Таквото однесување, особено кога доаѓа од лице кое е на позиција на авторитет и одговорност, е спротивно на сите етички вредности и принципи на почитување кои ги бара Фудбалскиот сојуз на Луксембург“, се наведува во соопштението.

Сантос беше селектор на репрезентацијата од 2020 година, сојузот дополни и дека реагирале веднаш по добиените пријави.

„Штом бевме информирани за ситуацијата, презедовме итни мерки за да ги заштитиме фудбалерките и да го зачуваме интегритетот на спортската средина во репрезентацијата. Сведоштвата што ги добивме јасно укажуваат на губење на довербата и покажуваат дека понатамошна соработка не е можна. Затоа селекторот е разрешен од должноста, а одлуката стапи на сила веднаш“, се додава во соопштението.

Фото: FLF - site officiel