Гвардиола: Ако утре не победиме, првенството ќе биде готово!

Стратегот на Манчестер сити, Пеп Гвардиол го истакна утрешниот натпревар против Вест хем како еден од најважните во трката за титулата во Премиер лигата со Арсенал.

Иако двете екипи ги очекува и меѓусебен дуел во Манчестер на 19 април, Гвардиола порача дека ако утре не победат се ќе биде завршено.

„Премиер лигата е најтешкото првенство за освојување, ние сме во игра и понатаму, но свесни сме и дека ќе биде готово, ако не победиме сега“, порача шпанскиот стратег.

Вест Хем се бори за опстанок на другата страна на табелата и се наоѓа во зоната за испаѓање, со ист број бодови како и Нотингем форест, но со послаба гол-разлика. Сепак, нивните резултати во последно време се подобри и во последните пет натпревари во првенството загубија само еднаш.

Новинарите го запрашаа Гвардиола и за реваншот во Лигата на шампионите кој кон средина на неделата ќе го играат против Реал по поразот од 3-0, меѓутоа шпанскиот стратег не сакаше премногу да зборува за овој дуел.

Натпреварот помеѓу Вест хем и Сити утре се игра во терминот од 21:00 часот.