Српски горостас ја засилува одбраната на Вардар!
Станува збор за лев бек, но пред се ракометар на кој специјалност му е дефанзивата. Тасиќ веќе се договорил со Вардар, но останува црвено-црните да најдат заеднички јазик со Динамо Панчево, клубот каде што сега настапува српскиот ракометар и со кој има договор до 2027.
Тасиќ се истакна со одлични игри за Србија на минатото Европско првенство, особено беше добар во победата на Србите над Германија.
Интерес за Тасиќ имаше и од Партизан, како и од некои други клубови, сепак Вардар победи во трката.