Зицерот кој го одбрани Илиќ доби место во топ 5 (ВИДЕО)

Maкедонија вчера претрпе пораз од Словенија со 27-18, а во овој натпревар и покрај високата разлика одлична на нашиот гол беше голманката Андреа Илиќ.

Илиќ натпреварот го заврши со 14 одбрани, а една од тие одбрани се најде и помеѓу најдобрите во квалификациите. 

Ќе потсетиме, Македонија го освои третото место во групата и како една од најдобрите третопласирани репрезентации обезбедија место на Европското првенство.