Вознемирувачка сцена: Фудбалер на Струга можеше да скрши врат! (ВИДЕО)

Во Струга каде што домаќинот игра против Тиквеш попладнево во рамките од 27. коло во Првата лига видовме една непријатна сцена во која сериозно можеше да настрада Сенегалецот, Папе Фал.

Фудбалерот на домаќините некаде пред истекот на еден час игра во еден дуел со противнички играч незгодно падна. Сцената на снимката изгледаше навистина застрашувачки, Фал во тие моменти стана и го продолжи натпреварот.

Сепак, неколку моменти подоцна мораше да му биде укажана помош, а на теренот влезе и возилото на итната помош со која веднаш беше пренесен во болница. Во текот на денот се очекуваат повеќе информации за неговата состојба.