Нема крај на малерите на Тотнем - заврши сезоната за капитенот

Капитенот на Тотнем, Кристијан Ромеро ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на коленото, објавија англиските медиуми.

Аргентинскиот дефанзивец веројатно ќе биде надвор од терените помеѓу шест и осум недели откако ја претрпе повредата во поразот на Спарс од Сандерленд, по судирот со голманот на противничкиот тим Антонин Кински. Целта на Ромеро ќе биде целосно да заздрави за Светското првенство во САД, Мексико и Канада, каде што „албиселесте“ ќе ја бранат својата светска титула.

Ова е уште еден исклучително тежок удар за Тотнем и новиот тренер на тимот, Роберто Де Зерби, кој вчера го имаше своето деби на чело на лондончани со пораз од „Црните мачки“, што го испрати тимот во зоната за испаѓање. Во сабота ќе го пречекаат амбициозниот тим на Брајтон, кој сè уште сонува за учество на европските турнири следната година.